📷Кристијано и Џорџина кажаа „Да“

Ѕвездата на Ал-Наср и португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, се ожени со својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез

Прегледи:

Датум:

Ѕвездата на Ал-Наср и португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, се ожени со својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез.

Двојката сподели фотографија на социјалните мрежи на која ги покажуваат рацете со венчални прстени, придружени со иницијалите на нивните имиња: „K❤️D“.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус има пет деца. Неговиот најстар син, Кристијано Џуниор, е роден во 2010 година од непозната мајка. Во јуни 2017 година, Португалецот стана татко на близнаците Ева и Матео од сурогат мајка. Од врската со Џорџина, фудбалерот има две ќерки – Алана Мартина и Бела Есмералда.

Пред некое време се појави информација дека свадбата на 41-годишниот фудбалер и 32-годишната шпанско-аргентинска манекенка требало да се одржи минатиот викенд на островот Мадеира, но овие гласини се покажаа како лажни.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Меси купува уште еден клуб: Аргентинецот ја проширува својата фудбалска империја

Лео Меси (39) го заврши преземањето на шпанскиот Елденсе,...

Суспендирани 448 турски фудбалски службеници

Турската фудбалска федерација привремено суспендираше 448 сегашни и поранешни...

Италија и Франција и уште девет возбудливи натпревари вечерва во Лигата на нациите

Денеска, 2 октомври, ќе се одиграат десет натпревари од...

Алекс Маркез на чело по официјалната тренинг сесија на „Мотеги“

Алекс Маркез го предводеше пласманот на крајот од официјалната...