Германскиот дефанзивец Џонатан Та изјави дека повторно би го извел пеналот, и покрај тоа што го промаши одлучувачкиот пенал во болниот пораз на „панцирите“ од Парагвај во шеснаесетфиналето на Светското првенство во понеделникот.
„Би го направил тоа повторно следниот пат со целосна убеденост и доверба дека ќе постигнам гол за Германија“, напиша тој на Инстаграм.
Та, сепак, призна дека сè уште размислува за промашениот пенал.
„Тој промашен пенал ми помина низ глава илјада пати и се обидуваш некако да го испратиш во мрежата во твојот ум. Но, реалноста е дека топката не влезе. И тоа боли“, рече тој.
Jonathan Tah – It was his goal in extra time that could have sealed the deal for Germany, before it was disallowed. And later it was his missed penalty shootout on sudden death that gave the advantage to Paraguay. What a win for #Paraguay in a super thriller knockout! pic.twitter.com/b3jDrnMQf5
— Xain (@imxain) June 29, 2026
Додаде дека е разочаран и тажен од елиминацијата во шеснаесетфиналето: „Тимот, нашата земја и сите што го поддржуваат германскиот фудбал се надеваа на многу повеќе.“
Та (30) посочи дека не размислува за пензионирање од националниот тим: „Ќе продолжиме како тим, а јас ќе продолжам, без разлика на што!“
Дефанзивецот на Баерн ќе станеше германски херој доколку неговиот гол во продолжението за победа од 2-1 не беше контроверзно поништен. Натпреварот заврши 1-1, а борбата за осминафиналето отиде на пенали, каде што Парагвај победи со 4-3.
Тоа беше првиот пораз за „панцирите“ на Светското првенство по изведувањето на пенали.


