Иан Рајт удри по САД: Вака ли се однесува домаќин на Светско првенство? Ова ли е духот на фудбалот?

Строги проверки, одбивање визи на играчи, судии и новинари и бројни организациски тешкотии го одбележаа воведот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Последната капка беше одлуката на американските власти да му одбијат виза на сомалискиот судија Омар Артан, што предизвика жестока реакција од фудбалската јавност

Прегледи:

Датум:

Строги проверки, одбивање визи на играчи, судии и новинари и бројни организациски тешкотии го одбележаа воведот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Последната капка беше одлуката на американските власти да му одбијат виза на сомалискиот судија Омар Артан, што предизвика жестока реакција од фудбалската јавност.

Омар Артан требаше да стане првиот судија во историјата на Сомалија што ќе дели правда на Светско првенство. Сепак, се чини дека овој историски момент за неговата земја сепак нема да се случи поради административни пречки од домаќините на турнирот.

Меѓу многуте критичари на американската организација, се издвои легендарниот англиски напаѓач и актуелен стручен коментатор Иан Рајт, кој не штедеше зборови за да го изрази своето негодување.

„Тукушто читам дека на сомалиски судија му е забранет влез. На секои неколку часа има нова приказна. Нови забрани за навивачи, играчи, службени лица, новинари… А сега и судии?! Знаете што, се смеам, но ова не е ни смешно. Некој мора да каже нешто“, почна Рајт.

„Билетите се прескапи, најскапи досега. Сместување, превоз… Некој мора да каже нешто. Дали вака се однесува домаќинот? Сериозно? За најголемиот спорт, за најголемиот турнир во светот, дали вака се однесува домаќинот? Дали е ова духот на фудбалот? Навистина?“ продолжи тој со остар тон и заклучи:

„Знаете за кого ми е жал? Американските навивачи кои толку многу го сакаа ова. Колку мора да се срамат. Колку мора да е срамно ова за нив. Ова Светско првенство е во хаос. Кој и да го освои, ќе мора да помине низ вистински хаос. Се надевам дека можеме да го направиме тоа, но нешто мора да се каже. Едноставно е така.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬Погледнете како изгледа лицето на Топурија по бруталното тепање. Навивачите се загрижени

Првата одбрана на шампионската титула на Иља Топурија, кој...

🎥 Јапонија и Холандија ремизираа по спектакуларно второ полувреме

Холандија и Јапонија ремизираа 2-2 во првиот натпревар помеѓу...

📽️Шведска не постигнала пет или повеќе гола на еден натпревар на СП од јуни 1938 година

Шведската репрезентација го приреди најпријатното изненадување на Светското првенство...