Шок трансфер: Серхио Рамос на чекор до договор со Астон Вила

Повредите на Торес и Матсен ја отворија вратата за шпанската легенда

Прегледи:

Датум:

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос (40) е во преговори со Астон Вила и би можел за првпат во кариерата да заигра во англиската Премиер лига, известува шпанскиот весник „Fichajes“.

Рамос е слободен играч од декември 2025 година, а на клубот од Бирмингем итно му е потребно решение за одбраната, ослабена од повреди, среде лошиот почеток на сезоната. Според овој портал, трансферот е блиску до реализација, а медицинските прегледи се очекуваат следната недела.

Преговорите се интензивираа по поразот од Нотингем Форест со резултат 2:1, во натпревар во кој се повредија двајца одбранбени играчи на Астон Вила.

Шпанскиот стопер Пау Торес мораше да го напушти игралиштето во првото полувреме поради повреда на тетивата, додека Ијан Матсен го напушти теренот пред крајот на натпреварот поради повреда на скочниот зглоб.

Оваа ситуација го принуди тренерот Унаи Емери да побара решение по завршувањето на преодниот рок, што е возможно бидејќи Рамос е слободен играч. Клубот може да го регистрира доколку има слободно место на списокот за натпреварување.

Следниот чекор се медицинските прегледи, кои според пишувањата на шпанските медиуми би можеле да се обават следната недела.

За Рамос ова би значело враќање на натпреварувачкиот фудбал по девет месеци. Тој е надвор од терените откако го напушти мексиканскиот клуб Монтереј на 18 декември 2025 година. Во Мексико одигра 34 официјални натпревари и постигна осум голови.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Премиер лигата со радикална одлука по грешката во дербито на Манчестер

Судиите одговорни за системот за видео помошник на судијата...

Клиперс и Торонто го финализираа договорот за Ленард

Торонто Репторс и Лос Анџелес Клиперс го финализираа договорот...

Киву: Модерниот фудбал е ризичен, но ми се допаѓа

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го пофали карактерот на...

Родри: Не сме фаворити во Лигата на шампионите

Новото засилување на Барселона, Родри, го сподели своето мислење...