Нотингем Форест официјално го објави трансферот на централниот дефанзивец Усман Диоманде, за кого ќе му платат на Спортинг Лисабон 40 милиони евра. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска потпиша договор од 4+1 година.
„Многу сум среќен што сум тука. Ова е историски клуб и ме мотивира. Верувам дека можеме да постигнеме многу добри работи оваа сезона и со нетрпение очекувам да се сретнам со играчите и главниот тренер. Ќе дадам се од себе и сè што можам за да му помогнам на тимот. Едвај чекам да се сретнам со навивачите на „Сити граунд“. Заедно можеме да имаме добра сезона“, изјави Диоманде за веб-страницата на Форест.
Our fortress has been built, now it’s time to defend it. pic.twitter.com/HoxsTHFqJ5
— Nottingham Forest (@NFFC) August 11, 2026
Усман Диоманде имаше три успешни сезони во Спортинг Лисабон, со над 130 настапи за „Лавовите“ во сите натпреварувања. Неговата кариера започна во Митјиланд. Тој има 16 настапи за својата земја, вклучувајќи го и настапот на Светското првенство во 2026 година.
Тој ќе го носи дресот со број 2 на „Сити граунд“.


