🎬Претседател на албански клуб влезе во соблекувалната со торба полна со пари, настана хаос

Албанскиот фудбалски тим Динамо Сити од Тирана е на прагот на историски успех ова лето и стигнува до лигашката фаза од натпреварување на УЕФА, откако стигна до плејофот од Конференциската лига

Прегледи:

Датум:

Албанскиот фудбалски тим Динамо Сити од Тирана е на прагот на историски успех ова лето и стигнува до лигашката фаза од натпреварување на УЕФА, откако стигна до плејофот од Конференциската лига.

Минатата недела Динамо го елиминираше латвискиот Ауда, а сега се појави видео снимено по натпреварот во соблекувалната кое стана хит на социјалните мрежи.

Имено, по победата од 4-0 над Ауда, претседателот на тимот Ардијан Барди влегол во соблекувалната носејќи торба во рацете, а набрзо стана јасно дека е полна со банкноти.

Барди ја отвори торбата, а потоа ја фрли на подот, а од неа испадна куп пари.

Потоа меѓу фудбалерите настана возбуда, а претседателот им ветил бонус од вкупно 500.000 евра ако успеат да го елиминираат Пафос од Кипар, со кого играа двомеч во плејофот од Конференциската лига.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Белгија без две ѕвезди против Франција

Белгија ќе биде без капитенот Јури Тилеманс и Кевин...

Селекторот на Норвешка не мисли дека Португалија е поопасна без Роналдо

Селекторот на Норвешка, Столе Солбакен, не мисли дека Португалија...

Што треба да направи Зверев за да стане нов бр.1 во светот?

Александар Зверев има за цел да биде на врвот...

Де Минор и Рубљов ќе се борат до крај за финалниот турнир на АТП

Алекс де Минор и Андреј Рубљов покажаа дека се...