Може ли некој да ја запре Франција?

Натпревар по натпревар, Франција потврдува дека е еден од главните фаворити за освојување на Светското првенство во 2026 година

Прегледи:

Датум:

Натпревар по натпревар, Франција потврдува дека е еден од главните фаворити за освојување на Светското првенство во 2026 година.

„Триколорите“ обезбедија место во осминафиналето со убедлива победа од 3-0 над Шведска, но резултатот е само дел од приказната – начинот на кој игра тимот на Дидие Дешан влева страв кај сите ривали.

Покрај убиствената егзекуција, Франција се карактеризира и со единство кое беше видливо веднаш по првиот гол на Килијан Мбапе.

Капитенот го посвети голот на селекторот Дидие Дешан, кој се врати на клупата откако отпатува во Франција за погребот на неговата мајка.

Мбапе истрча кон селекторот, а сите негови соиграчи наскоро му се придружија во емотивна прегратка.

„Оваа група покажа карактер дури и кога не бев со нив. Тимскиот дух сам по себе не носи победи, но без него може да се изгуби. Колективот е пред сè“, рече Дешан по натпреварот.

Играчот од средниот ред Орелиен Чумамени додаде дека целиот тим сакал да го задоволи својот тренер.

„Знаеме низ што поминува и се обидуваме да направиме сѐ што можеме за да го направиме среќен“, рече Чумамени.

Триото Мбапе, Дембеле и Олисе е застрашувачко

Франција повторно ја демонстрираше својата неверојатна напаѓачка моќ против Шведска.

Покрај двата гола на Мбапе, мрежата ја затресе и Бредли Баркола, додека Мајкл Олисе имаше две асистенции, со што неговиот вкупен број на турнирот достигна пет.

Шесте гола на Мбапе го изедначија со Лионел Меси како најдобар стрелец, а тој исто така достигна 18 гола на Светското првенство, само еден помалку од историскиот рекорд што го држи Аргентинецот.

Статистиката на Франција е уште поимпресивна – тимот постигна најмалку три гола на пет последователни натпревари на Светското првенство, што ниту еден друг тим досега не успеал да го направи.

Олисе го игра турнироооот на својата кариера и стана првиот играч од 1994 година кој има регистрирано најмалку пет асистенции на едно Светско првенство, додека дуото Мбапе-Осман Дембеле руши рекорди со својата соработка.

Двајцата директно асистираа за шест од головите еден на друг, што е најдобрата изведба на дуо на Светско првенство од 1966 година.

„Франција е тимот што сите сакаат да го избегнат“

Многу фудбалски аналитичари веруваат дека ниедна репрезентација во моментов не игра на нивото на Франција.

„Она што го видовме од Франција беше прецизност и целосна доминација. Нивната напаѓачка четворка ќе предизвика кошмари на секој дефанзивец на ова првенство“, рече Гари Невил.

Легендарниот Патрик Виеира верува дека „триколорите“ испратија јасна порака до конкурентите.

„Тие им покажаа на сите дека се тимот што треба да се победи“, верува Виеира.

Селекторот на Шведска, Греам Потер, исто така размислува слично.

„Не е срамота да бидеш елиминиран од тим како Франција. Искрено, не сум видел подобар тим на ова првенство“, рече Потер.

Франција ќе се соочи со Парагвај во осминафиналето, а доколку ја оправдаат својата улога на фаворит, во четвртфиналето ќе се соочат со подобриот тим од Канада и Мароко.

Cup tree provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Фјури се загрева за Џошуа со борба против полски ветеран

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, ќе...

Рајс: Англија има едни од најдобрите изведувачи на пенали во историјата

Деклан Рајс верува дека сегашниот состав на Англија ги...

Бразил без Пакета до крајот на Светското!

Бразилскиот играч од средниот ред Лукас Пакета има повреда...

Добри вести за Салах и Египет

Големата ѕвезда и капитен на египетската фудбалска репрезентација, Мохамед...