📷Левандовски официјално во Чикаго

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски потпиша договор со Чикаго Фаер, објави американскиот клуб, кој се натпреварува во МЛС лигата

Прегледи:

Датум:

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски потпиша договор со Чикаго Фаер, објави американскиот клуб, кој се натпреварува во МЛС лигата.

Во соопштението се наведува дека Чикаго потпишал договор со Левандовски до крајот на сезоната 2027/2028, кој ќе стапи на сила по финализирањето на визата и меѓународниот трансфер на полскиот фудбалер.

„Доаѓањето на Левандовски ја зајакнува нашата амбиција да се натпреваруваме за трофеи и ги крева стандардите на клубот на висина достојна за овој град. Едвај чекаме да почнеме да работиме со него и за Чикаго да видиме зошто Левандовски е меѓу најпочитуваните спортски икони во светот“, рече тренерот на Чикаго, Грег Берхалтер.

Фудбалерите на Чикаго моментално се на третото место на табелата во Источната конференција на МЛС со 26 бода.

Левандовски (37) играше за Барселона во последните четири години, а пред тоа беше член на Баерн, Борусија Дортмунд, Лех, Прушков и Легија. Тој одигра 167 натпревари за полската репрезентација, постигнувајќи 89 гола.

Полскиот фудбалер би можел да го има своето деби во МЛС за Чикаго на 17 јули во натпревар против Ванкувер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Три нерешени натпревари за старт на плејофот за влез во Лигата на шампионите

Во вторник, 18 август, беа одиграни првите три натпревари...

Мусијала откако колабираше втор пат за неколку дена: „Разбирам дека сте загрижени…“

Џамал ​​Мусијала, кој помина низ турбулентна недела и колабираше...

ГРК Охрид го победи младиот тим на Египет на турнирот „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа над репрезентацијата на Египет до...

Искусниот Костоски ќе ги брани боите на KK Соколи 1933 – Штип

Поранешниот македонски репрезентативец - Александар Костоски е ново засилувањe...