Богдановиќ станува слободен агент

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ ќе стане слободен агент, бидејќи Лос Анџелес Клиперс, за кои играше досега, не ја искористија опцијата за продолжување на неговиот договор.

Прегледи:

Датум:

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ ќе стане слободен агент, бидејќи Лос Анџелес Клиперс, за кои играше досега, не ја искористија опцијата за продолжување на неговиот договор.

Како дел од договорот на Богдановиќ со клубот од Лос Анџелес, Клиперс имаа опција еднострано да ја продолжат соработката со 33-годишниот српски бек до крајот на сезоната 2026/27, но одбија да го сторат тоа.

Богдановиќ им се придружи на Клиперс во февруари 2025 година од Атланта, а во регуларниот дел од претходната сезона одигра само 23 натпревари, во кои имаше просек од 7,4 поени, 2,6 скока и 2,2 асистенции.

Капитенот на српската репрезентација игра во НБА од 2017 година, додека пред да замине во Северна Америка беше член на Фенербахче и Партизан.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

МТЕЛ Суперлига: Работнички триумфираше во Струмица, Пелистер подобар од ТФТ

Работнички ја оправда фаворитската улога и со победа од...

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...

Скалони пред збогувањето со Меси: Репрезентацијата ќе продолжи да постои, но ништо нема да биде исто

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека побарувачката за...

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...