📸Чурлинов ќе игра во Полска

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов ќе потпише договор со Погон Шчечин, пренесоа медиуми од Полска. Чурлинов претходно објави дека се разделува со Кочаелиспор и беше слободен агент.

Прегледи:

Датум:

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов ќе потпише договор со Погон Шчечин, пренесоа медиуми од Полска. Чурлинов претходно објави дека се разделува со Кочаелиспор и беше слободен агент. Во текот на денот се очекува трансферот и официјално да биде потврден.

Според информациите, Чурлинов бил многу блиску до преселба во Видзев Лоџ, но на крајот Погон испратил понуда со подобрени услови и затоа македонскиот репрезентативец ја прифатил новата понуда.

Чурлинов има богата кариера. Тој започна во Работнички и Вардар, па настапуваше за Ханса Рошток, Магдебург и Келн. Во Германија настапуваше и за Штутгарт и Шалке. Следеше трансфер на Островот во Барнли, но оттаму беше испратен на заем прво во Шалке па во Јагјелонија.

Минатата сезона Чурлинов ја мина во Турција, во тимот на Кочаелиспор.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Акоста со искрено признание пред трансферот во Дукати

Педро Акоста изненадувачки призна дека немало да постигне добри...

Зошто Мекларен му нареди на Пјастри да го пушти Норис пред себе во САД?

Шефот на тимот на Мекларен, Андреа Стела, ги објасни...

Манчестер Јунајтед мора да му плати отштета на Њукасл за Еди Хау

Манчестер Јунајтед мора да му плати отштета на Њукасл...

Лапорта: Не знам кога, но Јамал ќе ја освои „Златната топка“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изрази целосна доверба во...