Алберто Џилардино ќе ја преземе Парма откако клубот постигна договор со поранешниот италијански репрезентативец да го наследи Карлос Куеста на клупата.
Куста одлучи да го напушти клубот, а челниците на Парма брзо најдоа решение за него и се согласија да соработуваат со Џилардино, кој веднаш ќе го преземе тимот.
Сепак, ова нема да биде обично пристигнување во нов клуб за 44-годишниот Италијанец. Парма е местото каде што Џилардино практично процвета како фудбалер и од талентиран напаѓач прерасна во еден од најдобрите голгетери во Серија А.
Тој пристигна во Парма во 2002 година, а по скромната прва сезона, следеа две сезони во кои постигна 23 гола во првенството. Вкупно, тој одигра 115 натпревари во дресот на „крстоносците“ и постигна 55 гола, пред да се пресели во Милан во 2005 година.
Nota del Club | Carlos Cuesta
🗒➡️ https://t.co/DMgWNjQbbD pic.twitter.com/sHUOWt9YPC
— 𝐏𝐚𝐫𝐦𝐚 𝐂𝐚𝐥𝐜𝐢𝐨 𝟏𝟗𝟏𝟑 (@1913parmacalcio) September 27, 2026
Токму натпреварите во Парма го лансираа на врвот на италијанскиот фудбал и му ја отворија вратата кон националниот тим, со кој подоцна ќе стана светски шампион во 2006 година.
Џилардино сега пристигнува во Парма во сосема поинаква улога, со задача да го стабилизира тимот како тренер по заминувањето на Куеста и да го води проектот на клубот до крајот на сезоната.
За време на неговата тренерска кариера, тој остави најголем белег во Џенова, која ја врати од Серија Б во првата лига, додека неговиот последен ангажман беше во Пиза.
Повеќе од две децении откако го направи можеби најважниот играчки пробив во својата кариера во Парма, Џилардино се враќа на добро познато место, сега од другата страна на аут-линијата.


