ФА го обвини Челси за однесувањето на своите навивачи во меч од ФА Купот

ФА го обвини Челси за однесувањето на навивачите на клубот на дебитантскиот натпревар на Лиам Росениор, објавија локалните медиуми. На почетокот на јануари, „сините“ го надминаа отпорот на Чарлтон Атлетик со 1:5 на гости, но навивачите скандираа навредливи стихови, што доведе до сегашната ситуација.

Прегледи:

Датум:

ФА го обвини Челси за однесувањето на навивачите на клубот на дебитантскиот натпревар на Лиам Розениор, објавија локалните медиуми. На почетокот на јануари, „сините“ го надминаа отпорот на Чарлтон Атлетик со 1:5 на гости, но навивачите скандираа навредливи стихови, што доведе до сегашната ситуација.

„Фудбалскиот клуб Челси е обвинет за недолично однесување од страна на своите навивачи во врска со натпреварот од ФА Купот против Чарлтон Атлетик во сабота, 10 јануари. Се тврди дека околу 56-тата минута од натпреварот, клубот не успеал да спречи несоодветно однесување од страна на своите навивачи, кои се однесувале на несоодветен, навредлив начин, кршејќи ги верските слободи или други верувања. Челси има рок до петок, 29 мај, да го даде своето објаснување“, се вели во официјалното соопштение на ФА.

Натпреварот против Чарлтон беше во третото коло од турнирот, а „сините“ на крајот стигнаа до финалето, каде што загубија со 1-0 од Манчестер Сити.

Тимот од Лондон ја заврши кампањата на десеттото место во Премиер лигата, а од следната година ќе бидат предводени од Чаби Алонсо.

Самиот Лиам Розениор, чие деби беше дочекано со навредливи скандирања од трибините, помина само 106 дена на чело на тимот од „Стемфорд Бриџ“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Панатинаикос: Ќе преземеме законски чекори за да го вратиме она што го украде режимот

По апсењето на претседателот на Грчката кошаркарска федерација, Вангелис...

Олмо аут еден месец поради повреда на мускулот

Офанзивниот играч за врска на Барселона, Дани Олмо, ќе...

Кварацхелија: Зошто јас? Не бев подготвен за ова

Офанзивниот играч за врска на Пари Сен Жермен, Хвича...

Костјук го предаде мечот, познати осумте тенисерки за завршниот ВТА турнир

Украинката Марта Костјук се повлече во второто коло од...