Малдини ќе поднесе оставка поради „случајот Пирло“, подготвен е резервен план

Откако Андреа Пирло официјално потврди преку социјалните мрежи дека нема да ја преземе италијанската репрезентација, се отвори нов проблем за Италијанската фудбалска федерација (FIGC).

Прегледи:

Датум:

Откако Андреа Пирло официјално потврди преку социјалните мрежи дека нема да ја преземе италијанската репрезентација, се отвори нов проблем за Италијанската фудбалска федерација (FIGC).

Поради нарушена доверба и неисполнети ветувања, техничкиот директор Паоло Малдини е подготвен да поднесе оставка, додека претседателот на Федерацијата, Џовани Малаго, подготвува резервни решенија.

Се поизвесно е дека незадоволството што Малдини веќе му го пренесе на претседателот Малаго ќе кулминира со негова оставка, а советникот Леонардо би можел да ги следи неговите стапки.

Оваа ситуација ја враќа Федерацијата неколку недели назад, во времето кога новоизбраниот прв човек на италијанскиот фудбал се обидуваше да го убеди Малдини да ја прифати улогата.

Главен услов за неговото доаѓање беше целосна автономија во донесувањето одлуки – гаранција што пропадна токму по „случајот Пирло“.

Иако Малаго планира итно да реагира и да се обиде да ги убеди Малдини и Леонардо да продолжат да работат под првичните услови, тој е подготвен за најлошото сценарио.

Да потсетиме дека Италијанската фудбалска федерација (FIGC) одлучи дека Андреа Пирло нема да биде селектор на Италија, и покрај фактот дека сè веќе беше договорено во принцип.

Причината за оваа одлука е тоа што јавноста дозна дека Пирло дејствува како глобален амбасадор на руската обложувалница Фонбет, по што приказната доби политичка димензија.

Јутјуб/Принтскрин/Serie A

Пирло утрово се огласи и нагласи дека го вознемирува фактот што неговиот договор со Фонбет се изедначува со неговата поддршка за Русија и дека тој во никој случај не ги дели истите морални вредности со властите на земјата и нивнаа агресија против Украина.

По заминувањето на Пирло, две добро познати имиња остануваат во трка за позицијата селектор: Роберто Манчини и Антонио Конте. Додека Манчини останува главен фаворит на претседателот Малаго, клубовите од Серија А силно притискаат за враќање на Антонио Конте.

Вреди да се напомене дека клубовите беа клучните поддржувачи што го доведоа Малаго на чело на Федерацијата.

Доколку Малдини и Леонардо навистина поднесат оставка, според „Ла Газета дело Спорт“, Малаго има подготвено „План Б“ – тој би му ја понудил позицијата технички директор на Џорџо Кјелини.

Сепак, доведувањето на Кјелини нема да биде лесна задача, бидејќи поранешниот капитен неодамна ја презеде новата менаџерска улога во Јувентус (главен директор за клупски работи).

Кјелини ќе присуствува на утрешниот Федерален совет во Рим, што би можело да биде можност за официјална понуда. Тој би се соочил со голема дилема: да остане во Јувентус или да прифати тешка, но предизвикувачка задача во националниот тим.

Јутјуб/Принтскрин/Excellent Leadership Podcast

Интересно е што токму Кјелини неодамна, по состанокот со дуото Малдини-Леонардо, јавно изјави: „Тие се вистинските луѓе за нов почеток. Паоло заслужува целосна доверба“.

Доаѓањето на Кјелини како технички директор би можело да го забрза и изборот на нов тренер. Поранешниот централен бек веројатно би ја поддржал желбата на клубовите да го вратат Антонио Конте на клупата. Под водство на Конте, Кјелини започна шампионски поход со Јувентус по долг период без трофеј. Конте, кој со месеци чекаше повик во репрезентацијата, се чини како логичен избор во ова сценарио.

Времето за пресметки истекува. Првиот официјален тест за новата Италија е веќе закажан за 25 септември во Рим, кога ја пречекуваат Белгија во Лигата на нации.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️Избран најубавиот гол на Светското првенство

Голот на репрезентативецот на Капе Верде, Сидни Лопез Кабрал...

Малдини и Леонардо ја напуштија Италијанската фудбалска федерација по само 10 дена

Голема пресвртница во италијанскиот фудбал - Паоло Малдини и...

📸Ѓоковиќ и Сабаленка ќе играат заедно на Отвореното првенство на САД

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ќе ги здружат силите...

Стоунс оди во Интер: Сè е договорено, договор до 2028 година

Англискиот репрезентативец Џон Стоунс е нов играч на Интер,...