Фудбалот, разбирливо, е во втор план за Лионел Меси откако го загуби својот татко, менаџер и најголем поддржувач. Хорхе Меси почина на 69-годишна возраст од тешка болест, а Лео покажа колку му е тешко на Светското првенство, кога се расплака откако постигна „хет-трик“ против Алжир и откри дека има семејни проблеми.
Набрзо се дозна дека станува збор за неговиот татко, а помалку од два месеци подоцна, почина Меси постариот. Ова целосно го скрши најдобриот фудбалер на сите времиња, па, според странските медиуми, тој одлучил да направи пауза од фудбалот на неопределено време.
Аргентинецот одлучил да ги прекине сите професионални обврски до понатамошно известување за да остане блиску до своето семејство и најблиските. Во овој момент, сосема е непознато кога ќе се врати на теренот – но и дали ќе го стори тоа.
Хорхе Меси почина во сабота, 8 август, во Росарио, Аргентина, а погребот се одржал синоќа на гробиштата „Ел Прадо“ на периферијата на Росарио, во аргентинската покраина Санта Фе.
Хорхе Меси со години се грижеше за обврските на својот син надвор од теренот, од преговори и договори до клучни одлуки што ја обликуваа кариерата на Лионел.
Неговата улога беше особено значајна во периодот кога Лео пристигна во Ла Масија како момче.


