Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации

По убедливиот триумф над Ирска, кошаркарскиот репрезентативец Андреј Јакимовски не го криеше задоволството од прикажаната игра, но порача дека работата сè уште не е завршена

Прегледи:

Датум:

По убедливиот триумф над Ирска, кошаркарскиот репрезентативец Андреј Јакимовски не го криеше задоволството од прикажаната игра, но порача дека работата сè уште не е завршена.

„Ова беше убедлива победа за нас, ја заслуживме и неа и пласманот во наредниот циклус. Сакаме да победиме и на следниот меч со Луксембург затоа што сакаме перфектен циклус. Не припаѓаме во овие претквалификации, нам ни е местото на повисоко ниво, но чекор по чекор, мислам дека ќе дојдеме до нашата цел“, изјави Јакимовски.

Последниот предизвик за македонската репрезентација во овој квалификациски циклус е гостувањето кај Луксембург, каде избраниците на селекторот ќе имаат можност со нова победа да го заокружат настапот со максимален ефект и дополнително да ја потврдат својата доминација во групата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нико Паз објасни зошто не се вратил во Реал Мадрид, но желбата сè уште постои

Нико Паз не се вратил во Реал Мадрид затоа...

Гвардиола го фали Клоп: Многу сум среќен што се врати на тренерската работа

Поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше само...

📸🎥 Чуамени останува „крал“ уште шест сезони

Реал Мадрид и Аурелиен Чуамени ја продолжуваат соработката до...

📷 Алкараз не е сериозно повреден, продолжува да игра во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не е сериозно повреден, па...