Официјално: Италијански репрезентативец е нов голман на Јувентус

Јувентус официјално го објави потпишувањето на договорот со голманот Гуљиелмо Викарио, кој пристигнува на позајмица од Тотенхем

Прегледи:

Датум:

Јувентус официјално го објави потпишувањето на договорот со голманот Гуљиелмо Викарио, кој пристигнува на позајмица од Тотенхем.

Торинскиот гигант, исто така, откри дека договорот вклучува опција за откуп во износ од 8+2 милиони евра.

Викарио пристигнува со идеја да биде нов стартен голман на Јувентус, кој претходно не успеа во обидите да ги ангажира Зајон Сузуки од Парма и Емилијано Мартинез од Астон Вила.

Така, 29-годишниот голман се враќа во својата родна Италија, каде што играше за Фонтанафреда, Венеција, Перуџа, Каљари и Емполи.

Тотенхем го купи од Тосканците за 18,5 милиони евра пред три години, во кој период одигра 117 натпревари, прими 170 гола и 29 пати ја сочува својата мрежа „сува“.

Покрај тоа, Викарио е италијански репрезентативец, досега одигра пет натпревари со четири примени гола и три чисти мрежи за „азурите“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Репрезентација без гол, без идеја и без одговори: Седлоски, до кога ќе трае оваа агонија?

Седум натпревари без гол. Седум порази на повидок. И...

Нов пораз за Македонија во Лигата на нациите, седми натпревар по ред без постигнат гол

Шкотска победи со 2:0 против Македонија како гостин во...

Билиќ по дебаклот: Жал ми е за навивачите и децата што беа на натпреварот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Славен Билиќ, по...

Вардар убедлив против Охрид во дербито на колото

Вардар ги најави своите шампионски амбиции со убедлива победа...