Работнички се засили со Тарик Брунчевиќ

КК Работнички АД Скопје соопшти дека нов член на клубот и големо засилување е искусниот крилен центар Тарик Брунчевиќ. Екипата на Работнички во Тарик Брунчевиќ добива сериозно засилување на позициите 4/5

Прегледи:

Датум:

КК Работнички АД Скопје соопшти дека нов член на клубот и големо засилување е искусниот крилен центар Тарик Брунчевиќ. Екипата на Работнички во Тарик Брунчевиќ добива сериозно засилување на позициите 4/5.

Брунчевиќ во текот на својата кариера настапувал во повеќе европски земји бранејќи ги боите на тимови од Србија, Романија, Словенија, Русија и Франција.

Со своите 206 сантиметри, физичка сила и меѓународно искуство, Брунчевиќ треба да донесе дополнителна цврстина во рекетот, сигурност во скокот и повеќе опции во офанзивата и дефанзивата.

Впечатлива беше неговата сезона 2024/25 во Шентјур, каде бележеше просек од 15 поени, 6 скока и 1,8 асистенции по натпревар, со што беше еден од важните играчи на екипата од Словенија.

Со ангажманот на Брунчевиќ, тимот предводен од Владимир Мирковски добива искусен и проверен играч под обрачите, кој треба да биде значаен дел од ротацијата на Работнички, стои во соопштението на клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Репрезентација без гол, без идеја и без одговори: Седлоски, до кога ќе трае оваа агонија?

Седум натпревари без гол. Седум порази на повидок. И...

Нов пораз за Македонија во Лигата на нациите, седми натпревар по ред без постигнат гол

Шкотска победи со 2:0 против Македонија како гостин во...

Билиќ по дебаклот: Жал ми е за навивачите и децата што беа на натпреварот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Славен Билиќ, по...

Вардар убедлив против Охрид во дербито на колото

Вардар ги најави своите шампионски амбиции со убедлива победа...