ПМФЛ: Вардар триумфираше против Шкендија Арачиново со головите на Николов и Закариќ

Вардар ја победи Шкендија Арачиново со 2-0 во дуел од шестото коло во Првата фудбалска лига што се одигра на теренот на комплексот на ФФМ. Тимот на Миодраг Божовиќ беше подобар ривал и заслужено стигна до триумф со головите на Бобан Николов и на Горан Закариќ во второто полувреме.

Прегледи:

Датум:

Вардар поведе на стартот на второто полувреме. Бобан Николов одлично реагираше, шутираше од прва по исфрлената топка од Личина и со удар од 12 метри ја затресе мрежата на Шкендија Арачиново.

Вардар го удвои водството во 69.минута. Омерагиќ продре по десната страна, нафрли во средината, Спахиу ја остави топката за Горан Закариќ кој стрелаше од непосредна близина.

До крајот, вардарци умешно ја сочуваа предноста, а имаа и уште неколку можности, но не беа ефикасни.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо: Што очекувам од Атлетико-Барса? И двата тима да изгубат

Реал Мадрид ужива во импресивна серија од седум последователни...

WTA им се извини на тенисерките за тајното снимање разговори за време на тренинг

Женската тениска асоцијација (WTA) им се извини на тенисерките...

Аморим по новиот пораз: Немам објаснување за тоа што се случи

Тренерот на Милан, Рубен Аморим, не го криеше својот...

Лејкерс го враќаат Брони Џејмс во Развојната лига

Лос Анџелес Лејкерс го вратија бекот Брони Џејмс во...