УЕФА објави дека од Реал Мадрид, како што наведоа, добила обемна документација поврзана со тековната истрага за Барселона, во врска со случајот со Хозе Марија Енрикез Негреира – поранешниот потпретседател на Техничкиот комитет на судии на Шпанската фудбалска федерација.
Оваа најнова документација, како што е наведено, ја добиле и инспекторите на УЕФА за етички и дисциплински прашања, кои ќе ја разгледаат како дел од тековниот процес на верификација.
Потсетуваме, Негреира добил од Барселона околу 7,3 милиони евра во периодот 2011-2018 година. Каталонците тврдат дека не купувале судии ниту резултати од натпревари.
Нивната верзија е дека парите биле платени за технички извештаи за судиите – нивните карактеристики, начин на судење, однесување итн.
Обвинителството и судот истражуваат дали плаќањата биле само за легитимни извештаи или претставувале обид за вршење несоодветно влијание врз арбитражата.


