Реал Мадрид со соопштение потврди дека не го сака Енцо Фернандез

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ја негираше потенцијалната набавка на капитенот на Челси, Енцо Фернандез, и нагласи дека нема намера да испрати понуда до лондонскиот клуб за Аргентинецот

Прегледи:

Датум:

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ја негираше потенцијалната набавка на капитенот на Челси, Енцо Фернандез, и нагласи дека нема намера да испрати понуда до лондонскиот клуб за Аргентинецот.

Кралскиот клуб дури издаде соопштение во кое го пофали аргентинскиот интернационалец, но исто така наведува дека тој не е во нивните планови.

„Во светлината на извештаите и изјавите што се појавија во последните денови во одредени медиуми и на социјалните мрежи, во врска со наводниот интерес на Реал за Енцо Фернандез, клубот сака да објави дека не презел никаков чекор, ниту директен ниту индиректен, за да го потпише аргентинскиот играч, а исто така нема намера да преземе таква операција“, се вели во соопштението на шпанскиот клуб.

Англиските и шпанските медиуми во последните денови пишуваа дека Реал е подготвен да плати 150 милиони евра за да го купи 25-годишниот Аргентинец.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

МТЕЛ Суперлига: Работнички триумфираше во Струмица, Пелистер подобар од ТФТ

Работнички ја оправда фаворитската улога и со победа од...

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...

Скалони пред збогувањето со Меси: Репрезентацијата ќе продолжи да постои, но ништо нема да биде исто

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека побарувачката за...

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...