Реми во дербито кое се чекаше 14 години

Вест Хем се врати од два гола негатива и стигна до 2-2 со Милвол во „Dockers Derby“. Ова беше 100-та натпреварувачка средба помеѓу големите лондонски ривали и прв дуел по повеќе од 14 години

Прегледи:

Датум:

Вест Хем се врати од два гола негатива и стигна до 2-2 со Милвол во „Dockers Derby“. Ова беше 100-та натпреварувачка средба помеѓу големите лондонски ривали и прв дуел по повеќе од 14 години. Ривалството помеѓу Милвол и Вест Хем датира од времето на лондонските пристаништа и бродоградилишта, каде што живееле и работеле работниците кои ги основале овие два клуба кон крајот на 19 век.

Милвол поведе во 15-тата минута преку Кејлеб Тејлор, кој беше најагилен во шеснаесетникот по корнер.

Домашниот тим дополнително го зголеми своето водство на самиот крај од првото полувреме. Во третата минута од судиското продолжение, Камил Негли постигна гол по центаршутот на Дајкс и Милвол отиде на полувреме со 2-0.

Сепак, Вест Хем не се предаде. Резервниот играч Мохамед Канте го намали резултатот во 74-тата минута со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот.

Само шест минути подоцна, израмнувањето стигна. Константинос Мавропанос реагираше брилијантно на центаршутот на Соломон и со глава ја погоди мрежата за резултат од 2-2.

Немаше промена во резултатот до крајот, а Вест Хем го заврши натпреварот со десет играчи откако Канте беше исклучен.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬 Американка не знаеше дека се снима, па навредуваше Русинка

Џесика Пегула се најде во центарот на вниманието откако...

Макаби се подготвува да се раздели со своето големо засилување

Макаби Тел Авив наскоро би можел да направи уште...

„Марка“: Овоно во шок по смртта на противникот, се затворил во себе и плачел без престан

Клубот Андора, предводен од сопственикот Жерар Пике, му дава...

Сопругата на Воткинс избега од Саудиска Арабија со децата: „Тука повеќе не е безбедно“

Само неколку месеци откако го заврши трансферот на Блискиот...