Швајцарија е велесила, но не сме тука само да одиграме натпревар, кажа Седлоски

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува дуел со Швајцарија на гости во рамките на Б дивизијата на Лигата на нациите. Селекторот Гоце Седлоски очекува реакција од тимот и подобра игра во однос на првиот меѓусебен дуел, пред десетина дена во Скопје

Прегледи:

Датум:

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува дуел со Швајцарија на гости во рамките на Б дивизијата на Лигата на нациите. Селекторот Гоце Седлоски очекува реакција од тимот и подобра игра во однос на првиот меѓусебен дуел, пред десет дена во Скопје.

„Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од првиот меч. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме, со колективна игра и еден за друг. Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакаме добар натпревар и да се израдуваме по поразите кои ги имавме“, изјави Седлоски.

Селекторот потврди дека здравствениот билтен е добар и дека сите фудбалери се подготвени за натпреварот, а најави и промени во составот поради густиот распоред и четирите натпревари во период од 12 дена.

„Сите играчи кои се повикани ќе добијат шанса. Ќе има свежи играчи и некои промени, затоа што не може да се издржи таков период. Од секој играч сакам подобро. Имаме и млади момци кои се примени добро од постарите и од меч во меч мора да бидеме подобри“, додаде Седлоски.

Селекторот истакна и дека критиките треба да бидат насочени кон него, а фудбалерите во овој момент да ја имаат потребната поддршка.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Победи за фаворитите во Лигата на нациите

Четвртото коло од Лигата на нации продолжи со уште...

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Висар Муслиу очекува максимална ангажираност...

Леао објаснува зошто го зел бројот на Роналдо

Откако Кристијано Роналдо ја напушти португалската репрезентација, неговиот дрес...

Објавени имињата на финалистите за наградата „Златно момче“

Италијанското спортско издание „Тутоспорт“ го објави конечниот список од...