Симеоне: Атлетико мора да биде на 110% за да победи во Шпанија

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, разговараше со „Франс фудбал“ за своето време во клубот и неговите очекувања за новата сезона

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, разговараше со „Франс фудбал“ за своето време во клубот и неговите очекувања за новата сезона.

Тој даде опширно интервју за францускиот медиум, во кое сподели многу детали од кујната на „јорганџиите“, како и други куриозни работи од неговата кариера.

„Ние сме во клуб кој постојано се натпреварува со две суперсили, Реал Мадрид и Барселона, за кои една акција е доволна за победа, бидејќи Мбапе или Ламин Јамал можат одеднаш да се појават и да постигнат гол, што не е случај за нас. Во Атлетико секогаш мора да бидеме на 110%. 100% не е доволно за победа во Шпанија, бидејќи Барса и Реал Мадрид ретко се надвор од форма во исто време.“, кажа Аргентинецот за конкуренцијата.

Во однос на тоа што да се подобри за следната сезона, Симеоне би сакал да ја врати дефанзивната стабилност што ја изгубиле затоа што минатата сезона, особено во Лигата на шампионите, тимот имаше многу лош резултат во тој аспект.

„Сепак, стигнавме до полуфиналето, па замислете како моравме да напаѓаме – нешто што никој не го цени. Зошто? Затоа што ние сме Атлетико. Но, тоа е нашата репутација… Исто така, би сакал нашите играчи од средниот ред да постигнуваат повеќе голови.“, изјави тој.

За заминувањето на Антоан Гризман, вели дека и покрај се, изградиле одличен однос.

„Моите ќерки се пријатели со неговите деца. Работите секогаш се случувале природно меѓу нас, благодарение на личноста на Антоан и фактот дека ниту еден од нас никогаш не ја преминал границата. Бидејќи откако ќе ја преминете, нема враќање назад. Имав можност да работам со гениј. Се возбудувам кога зборувам за него.“, истакна тренерот.

За иднината на клубот, потсети дека кога пристигнал во 2011 година, Атлетико ја немал освоено Ла Лига 18 години.

„Потоа повторно ја освоивме во 2021 година, седум години подоцна. Она што тимот треба да го постигне е уште повеќе да ги намали тие разлики. Убеден сум дека клубот ќе ми ги даде алатките за да бидам конкурентен, како што отсекогаш ми давале.“, додаде Симеоне.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Роналдо ја напушти репрезентацијата на Португалија, лут од изјавата на селекторот

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо,...

📽️Поранешна шампионка го тужи Џејк Пол за 10 милиони долари

Поранешната шампионка во бокс, Хедер Харди, поднесе тужба за...

Канело се враќа во борба за светската титула против непоразениот Кристијан Мбили

Саул „Канело“ Алварез се враќа во рингот со шанса...

Поранешен шеф на Манчестер Сити бара клубот да биде исфрлен од Премиер лигата

Иднината на Манчестер Сити изгледа сè понеизвесна откако независна...