Иднината на Манчестер Сити останува во неизвесност. Клубот е прогласен за виновен за голем број финансиски прекршоци, но неговата казна е нејасна. „Граѓаните“ поднесоа жалба, која ќе се сослуша кон средината на декември, објавува „Фајненшл тајмс“.
Се очекува Независната комисија да донесе одлука за жалбата следната година, а наскоро потоа да објави каква казна ќе му изрече на клубот доколку жалбата е неуспешна.
Според најновите информации во Англија, најверојатната санкција е одземање на бодови, Манчестер Сити можно е да заврши во Чемпионшип, и да добие многу висока парична казна.
Покрај тоа, се очекува одземање на бодови за следната сезона, што би го направило непосредното враќање во елитата невозможно или барем исклучително тешко.


