Сулејмани го смени Реџепи на чело на ФК Башкими 1947

ФК Башкими 1947 постигна договор со тренерот Шабан Сулејмани да го преземе клубот, кој до неодамна беше помошник тренер во Работнички

Прегледи:

Датум:

ФК Башкими 1947 постигна договор со тренерот Шабан Сулејмани да го преземе клубот, кој до неодамна беше помошник тренер во Работнички.

Тој има искуство во Лирија Призрен, каде што придонесе за вклучувањето на тимот во Супер лигата, како и во Беса Добердол, Гостивар и Шкендија Арачиново.

Клубот преку соопштение му посака добредојде на Сулејмани и се надева на успешна соработка.

Ова доаѓа откако по меѓусебен договор, клубот ја прекина соработката со Гајур Реџепи.

Од Башкими му се заблагодарија за неговиот придонес и му посакаа понатамошен успех.

Тимот по првите две кола во ПМФЛ е на последното место со два порази од исто толку натпрњвари и со гол разлика 0-11.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Адидас нема да произведува топки за Лигата на шампионите, започнува нова ера со Најк

Американската компанија Најк ќе биде официјален снабдувач на топки...

Арсенал и Деклан Рајс се согласија за нов договор

Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди...

Лига на нации: Ноќ за паметење за Германија, кошмар за Шкотска

Вечерва беа одиграни натпреварите од последното коло во групната...

Шест од шест: Македонија потона и против Словенија, Седлоски ја заврши Лигата на нации без бод!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша и шестиот пораз во...