Претседателот на ФИБА во посета на Гевгелија

Претседателот на европската зона на ФИБА, Хорхе Гарбахоса, повторно е во Македонија, овојпат во посета на Гевгелија, каде ја проследи средбата меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Украина

Прегледи:

Датум:

Претседателот на европската зона на ФИБА, Хорхе Гарбахоса, повторно е во Македонија, овојпат во посета на Гевгелија, каде ја проследи средбата меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Украина.

Откако пред извесен период беше гостин на Младинската кошаркарска конвенција во Скопје, првиот човек на ФИБА Европа повторно допатува во нашата земја, овојпат на покана на раководството на Кошаркарската федерација на Македонија и градоначалникот на Општина Гевгелија.

Гарбахоса беше гостин на натпреварот од Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години, кое се одржува во Гевгелија и Скопје, и од трибините го проследи дуелот Македонија – Украина.

Во рамки на посетата, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, и претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томче Главчев, му посакаа добредојде на претседателот на ФИБА Европа.

Како знак на внимание и гостопримство, на Хорхе Гарбахоса му беше врачен специјално изработен дрес на КК Кожув од Гевгелија, со што беше одбележана неговата посета на градот кој во овие денови е еден од центрите на европската младинска кошарка.

„Посетата на Гарбахоса претставува уште една потврда за добрата соработка меѓу ФИБА Европа и Кошаркарската федерација на Македонија, како и за значењето што европската кошаркарска организација го придава на развојот и промоцијата на младинската кошарка“, стои во соопштението на КФСМ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Србија, Македонија и Словенија сакаат да бидат домаќини на ЕХФ ЕУРО 2034

Ракометната федерација на Србија, во соработка со федерациите на...

Навивачи на Ливерпул бараат одговори за продажбата на дел од клубот на Безос

Навивачката група на Ливерпул „Spirit of Shankly“ побара од...

Монако пред раскинување на договорот со Погба

Раководството на Монако го информирало Пол Погба за својата...

Сулејмани го смени Реџепи на чело на ФК Башкими 1947

ФК Башкими 1947 постигна договор со тренерот Шабан Сулејмани...