Враќање на легендата: Бускетс асистент во резервниот тим на Барса

Легендарниот играч од средниот ред Серхио Бускетс стана асистент на главниот тренер Џулијан Белети во Барселона Б. Бускетс се враќа во клубот три години откако ја заврши својата играчка кариера

Прегледи:

Датум:

Легендарниот играч од средниот ред Серхио Бускетс стана асистент на главниот тренер Џулијан Белети во Барселона Б. Бускетс се враќа во клубот три години откако ја заврши својата играчка кариера.

Бускетс помина низ академијата на Барселона „Ла Масија“ и дебитираше за првиот тим во сезоната 2008/09. Го носеше дресот на Каталонците во следните 15 години.

Одигра 722 натпревари за Барселона и освои 32 трофеи. Кариерата ја заврши во Интер Мајами.

Бускетс го освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година со шпанската репрезентација.

Барса Б се натпреварува во третата лига на шпанскиот фудбал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нико Паз објасни зошто не се вратил во Реал Мадрид, но желбата сè уште постои

Нико Паз не се вратил во Реал Мадрид затоа...

Гвардиола го фали Клоп: Многу сум среќен што се врати на тренерската работа

Поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше само...

📸🎥 Чуамени останува „крал“ уште шест сезони

Реал Мадрид и Аурелиен Чуамени ја продолжуваат соработката до...

📷 Алкараз не е сериозно повреден, продолжува да игра во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не е сериозно повреден, па...