🎥 Тотенхем се буди: Тимот на Де Зерби победи на „Стемфорд Бриџ“

Тотенхем беше во голема криза, постигнувајќи го својот прв гол во Премиер лигата едвај во 86-тата минута од 5-тото коло, но како што времето минува, тимот на Роберто Де Зерби игра сè подобро и подобро и се движи кон врвот на табелата

Прегледи:

Датум:

Тотенхем беше во голема криза, постигнувајќи го својот прв гол во Премиер лигата едвај во 86-тата минута од 5-тото коло, но како што времето минува, тимот на Роберто Де Зерби игра сè подобро и подобро и се движи кон врвот на табелата.

„Спарс“ го победија Челси на Стемфорд Бриџ во лондонското дерби, а натпреварот со многу шанси на двете страни беше решен од грешката на младиот голман Мајк Пендерс.

Белгискиот интернационалец бранеше во Стразбур минатата сезона, а оваа сезона започна како замена за Емилијано Мартинез. Кога аргентинскиот голман се повреди, Пендерс мораше да оди меѓу стативите, но вечерва му го отвори патот на Тотенхем до победата.

Имено, по корнерот на Матеуш Фернандеш во 77-тата минута, 21-годишниот голман се обиде да ја расчисти топката со бокс, но ја фати лошо и ја испрати преку гол-линијата.

Набрзо, Кол Палмер доби и втор жолт картон, а по одличниот соло пробив, Матис Тел ги победи „сините“ со гол во 87-та минута.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Антонели од пол-позиција во Остин ќе ја нападне титулата

Андреа Кими Антонели ја освои својата седма пол-позиција оваа...

📽️ FNC 34: Бојковиќ го освои појасот во лесна категорија по феноменален нокаут

Марко Бојковиќ направи изненадување вечерва во Скопје со победата...

Алонсо: Не покажавме ништо против Тотенхем, мора да го подигнеме нивото

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, изрази сериозно разочарување по...

🎬Волкановски му го нанесе првиот пораз на Мовсар Евлоев!

Александар Волкановски го победи Мовсар Евлоев со технички нокаут...