Минесота Тимбервулвс ги победија Сан Антонио Спарс со 114-109 и го израмнија резултатот во серијата на 2-2, а клучниот момент се случи на почетокот на втората четвртина кога Виктор Вембањама беше исклучен од натпреварот.
Ова беше прво исклучување во кариерата за младиот центар на Спарс, откако го удри со лакт Наз Рид во вратот додека играчот на Минесота се обидуваше да му ја отежни играта по одбранбениот скок. Судиите го оценија контактот како „флагрантен 2“ по видео прегледот, што автоматски значи исклучување од играта.
Dylan Harper's reaction to Victor Wembanyama elbowing Naz Reid 😬pic.twitter.com/wUHTOd4w38 https://t.co/wlRrg3f6Ei
— ClutchPoints (@ClutchPoints) May 11, 2026
Вембањама го напушти теренот со само четири поени и четири скока по 12 и пол минути игра, а на клупата, додека се консултираше со Харисон Барнс, публиката на Минесота јасно побара негово исклучување. По одлуката на судиите, Французинот се збогува со своите соиграчи и го напушти теренот.
Се чини дека ударот на Вембањама бил намерен и постои можност најдобриот дефанзивец во лигата да биде санкциониран од лигата. Тренерот на Спарс, Мич Џонсон, изјави дека не верува оти ударот бил намерен и дека дополнителна суспензија нема да биде оправдана.
„Немаше намера. Мислам дека би било апсурдно да се суспендира“, рече Џонсон.
Инцидентот го промени текот на натпреварот, Тимбервулвс ја презедоа контролата и успеаја да го задржат водството до крајот, а серијата сега се сели во Сан Антонио за 5-тиот натпревар, а лигата сè уште чека да одлучи дали да преземе мерки во врска со инцидентот со Виктор Вембањама.


