Берокал: Среќен сум од остварената цел, Луксембург ќе ни биде увертира за следната рунда

Македонските кошаркари со убедливата победа над Ирска вечерва (77-56) си го обезбедија првото место во групата „А“ од претквалификациите за Евробаскетот 2029 и изборија пласман во следната натпреварувачка фаза

Прегледи:

Датум:

Македонските кошаркари со убедливата победа над Ирска вечерва (77-56) си го обезбедија првото место во групата „А“ од претквалификациите за Евробаскетот 2029 и изборија пласман во следната натпреварувачка фаза.

По завршувањето на средбата, селекторот Жозеп Марија Берокал не го криеше задоволството од оствареното, но потенцираше дека работата сè уште не е завршена.

„Мислам дека одигравме добар натпревар. Не беше лесно да се победи, но ние се адаптиравме на играта на противникот. Бевме добри во одбраната, најдовме решенија и во нападот, па успеавме да ја оствариме целта и да се квалификуваме за следниот круг.

Немаме многу време за одмор, сега ни следи Луксембург, кој ќе ни биде увертира за следната рунда.

Среќен сум од остварената цел. Во овој „прозорец“ видов повеќе кошаркари и сум задоволен. Видов повеќе домашни играчи, шанса добија нови имиња како Марко Луканоски, Петар Бошалески и Павел Иванов, а ги увидов и квалитетите на Нејт Сестина и на Стјуард Јуниор.

Еден ден ќе уживаме за победата, а потоа ни следи пат кон Луксембург. Ќе се подготвуваме за тој натпревар, секако дека желбата е уште еднаш да се победи“, изјави Берокал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Барела: Треба да постигнувам повеќе голови за Италија

Играчот од средниот ред, Николо Барела изјави дека треба...

Лигата на нации продолжува со нови натпревари од четвртото коло

Четвртото коло од Лигата на нации продолжува со осум...

Алкараз запиша 30 победи шеста сезона по ред

Карлос Алкараз продолжува да демонстрира извонредна конзистентност во светскиот...

Жесус: Ако Кристијано сака да биде во репрезентацијата, нека се врати

Селекторот на Португалија, Жорже Жесус, направи прва анализа по...