Македонија убедлива против Ирска за петта победа во претквалификациите за ЕП 2029

Кошаркарската репрезентација на Македонија запиша нова победа во првата фаза од претквалификациите за Евробаскет 2029. Со убедливата победа над Ирска со 77:56 остварена вечерва во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ја забележаа петтата победа и го потврдија првото место во групата „А“.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската репрезентација на Македонија запиша нова победа во првата фаза од претквалификациите за Евробаскет 2029. Со убедливата победа над Ирска со 77:56 остварена вечерва во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ја забележаа петтата победа и го потврдија првото место во групата „А“.

Неизвесност имаше само во воведните минути, кога Ирска успеваше да одржи резултатски приклучок. Сепак, Македонија силно ја заврши првата четвртина, првпат создаде посериозна предност, а во продолжението ја презеде целосната контрола на играта. Со дисциплинирана игра во одбраната и добра реализација во нападот, македонските кошаркари рутински го приведоа мечот до крај и заслужено славеа.

Андреј Јакимовски натпреварот го заврши со 19 поени и 13 скока, Виктор Ефремовски придонесе со 12 поени, додека капитенот Војдан Стојановски постигна 10 поени.

Македонија последниот натпревар од групата ќе го одигра во недела, 5 јули, на гостински терен против Луксембург.

Вториот дел од квалификацискиот пат кон Евробаскет 2029 започнува кон крајот на август, а претходно ќе биде одржана и ждрепката за новата рунда, во која ќе бидат формирани четири групи со по три репрезентации.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Барела: Треба да постигнувам повеќе голови за Италија

Играчот од средниот ред, Николо Барела изјави дека треба...

Лигата на нации продолжува со нови натпревари од четвртото коло

Четвртото коло од Лигата на нации продолжува со осум...

Алкараз запиша 30 победи шеста сезона по ред

Карлос Алкараз продолжува да демонстрира извонредна конзистентност во светскиот...

Жесус: Ако Кристијано сака да биде во репрезентацијата, нека се врати

Селекторот на Португалија, Жорже Жесус, направи прва анализа по...