Македонија со пораз од Украина ги заврши натпреварите во групата на ЕП

Машката кадетска репрезентација на Македонија со пораз од Украина го затвори првиот групен сегмент на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години

Прегледи:

Датум:

Машката кадетска репрезентација на Македонија со пораз од Украина го затвори првиот групен сегмент на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години.

Во последниот, петти натпревар од групата „Б“, Украина славеше со 84:70 (46:39), триумф со кој стигна до учинок од 3-2 и го освои третото место во конечниот поредок, зад Хрватска и Исланд, а пред Македонија, Кипар и Швајцарија.

Најефикасен во македонскиот состав беше Дион Шабани со 21 поен и 11 скока, додека Илија Коневски постигна 16 поени, на кои додаде седум скока и две асистенции. Михаил Анѓеловски исто така реализираше 16 поени, со четири асистенции и два скока.

По денот предвиден за одмор, Македонија продолжува во следната фаза од шампионатот, во која ќе се натпреварува за пласман од 9. до 16. место.

Според системот на натпреварување, противникот во следниот меч ќе биде една од селекциите на Ирска, Словачка или Црна Гора, во зависност од конечниот распоред во останатите групи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Вембањама: Никогаш нема да рекламирам обложувалници, одбив многу пари

Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, изјави дека...

ФА за случајот „Манчестер Сити“: Одлуката има значајни импликации за интегритетот на играта

Фудбалската асоцијација (ФА) издаде соопштение за одлуката на Независната...

Леклер најбрз на вториот слободен тренинг пред трката во Малезија

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, денес го постави најбрзото...

Миовски: Ако бидеме колектив, ќе се вратат и резултатите

Напаѓачот на Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски на денешната прес-конференција...