Адем Мекиќ е нов член на МКК Куманово, соопштија денеска од клубот кој настапува во првата кошаркарска лига на Македонија.
Мекиќ (21) е искусен македонски кошаркар, кој во текот на својата кариера настапувал за повеќе македонски клубови, меѓу кои Работнички, МЗТ Скопје Аеродром, Куманово и Пелистер, а има искуство и со настапи во македонската репрезентација.
„Познат е по својата борбеност, квалитет, енергија и тимски дух. Со својата игра и професионален однос, тој ќе биде големо засилување за нашиот тим“, стои во соопштението на клубот.


