ТФТ со нова инвестиција во млади кошаркари: Цветковски (18) потпиша за тимот од Тафталиџе

Кошаркарски клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на тимот за сезоната 2026/27 со уште едно големо засилување и инвестиција во македонската кошаркарска иднина, откако денеска го објави договорот со Ѓорѓи Цветковски.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарски клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на тимот за сезоната 2026/27 со уште едно големо засилување и инвестиција во македонската кошаркарска иднина, откако денеска го објави договорот со Ѓорѓи Цветковски.

Со само 18 години, Цветковски е еден од најголемите македонски таленти. На Европското првенство до 18 години бележеше 17.3 поени во просек, со извонредни 45% реализација за три поени, со што се најде како втор најдобар стрелец на првенството и беше меѓу кандидатите за МВП признанието.

На Ф4 турнирот до 18 години во македонската лига, за екипата на Вибас од Скопје, во полуфиналето постигна 30 поени, додека во големото финале против екипата на Вардар, блесна со неверојатни 39 поени и 11 скока, за индекс на успешност 41.

Со потписот на Цветковски дополнително ја потврдува својата стратегија – инвестиција во младите, развој на македонските таленти и градење на иднината на клубот, сопштија од клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Репрезентација без гол, без идеја и без одговори: Седлоски, до кога ќе трае оваа агонија?

Седум натпревари без гол. Седум порази на повидок. И...

Нов пораз за Македонија во Лигата на нациите, седми натпревар по ред без постигнат гол

Шкотска победи со 2:0 против Македонија како гостин во...

Билиќ по дебаклот: Жал ми е за навивачите и децата што беа на натпреварот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Славен Билиќ, по...

Вардар убедлив против Охрид во дербито на колото

Вардар ги најави своите шампионски амбиции со убедлива победа...