Искусниот Костоски ќе ги брани боите на KK Соколи 1933 – Штип

Поранешниот македонски репрезентативец - Александар Костоски е ново засилувањe на KK Соколи 1933 - Штип. Искусниот плејмејкер, според тимот, носи лидерство, победнички менталитет и врвен преглед на играта

Прегледи:

Датум:

Поранешниот македонски репрезентативец – Александар Костоски е ново засилувањe на KK Соколи 1933 – Штип. Искусниот плејмејкер, според тимот, носи лидерство, победнички менталитет и врвен преглед на играта.

На Евробаскет 2015 беше најефикасен во нашиот национален тим со 49 поени на пет натпревари, а во богатата кариера настапувал во Македонија, Франција и Романија.

Јован Александровски, исто така, во новата сезона ќе настапува за тимот до Штип.

„Искусниот македонски бек пристигнува да донесе енергија, борбеност и квалитет на двете страни од теренот“, стои во соопштението.

Досега има настапувано за Работнички, Чаир 2030 и Струмица. Тој е препознатлив е по својата енергија, борбеност и способност да придонесе на двете страни од теренот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Репрезентација без гол, без идеја и без одговори: Седлоски, до кога ќе трае оваа агонија?

Седум натпревари без гол. Седум порази на повидок. И...

Нов пораз за Македонија во Лигата на нациите, седми натпревар по ред без постигнат гол

Шкотска победи со 2:0 против Македонија како гостин во...

Билиќ по дебаклот: Жал ми е за навивачите и децата што беа на натпреварот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Славен Билиќ, по...

Вардар убедлив против Охрид во дербито на колото

Вардар ги најави своите шампионски амбиции со убедлива победа...