Нашата олимпијка и најдобра таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г-1 Опен во Тирана. Во првото коло Мила беше слободна, но во следното беше поуспешна од Леонарда Андриќ од Канада со 2:1 во рунди.
Во борбата за медал Мила се сретна со Елена Лена Торес од Шпанија каде во извонредно тесна борба со 2:1 во рунди и последната рунда со 10:9 поени Мила извојува победа. Во полуфиналето Мила беше поразена од Хатиџе Пинар Јигиталп од Турција двете рунди со 2:4 во поени.
Ова се нови 3,60 поени за светската и олимписката ранг листа, каде очекуваме и овој месец да останеме меѓу најдобрите 10 во светот.


