Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ги вознемири навивачите на Сити, кои веќе се загрижени од најновите вести. За време на вчерашниот натпревар со Португалија, напаѓачот сигнализираше дека сака да биде заменет, а потоа куцаше од теренот.
Ова беше последниот натпревар на Норвешка за време на оваа долга пауза за репрезентативни обврски во Лигата на нации. Халанд сега веднаш ќе се врати во Манчестер, каде што ќе сторат сè што е можно за да го опорават за гостувањето во Ливерпул во недела. Натпреварот е од најголема важност не само затоа што Сити моментално е водечки на табелата, туку и затоа што ќе биде првиот натпревар на тимот по одлуката на независната комисија да го прогласи клубот за виновен за повеќето обвиненија за финансиски неправилности. Атмосферата на Енфилд сигурно ќе биде многу непријателска кон „Граѓаните“, па затоа е важно Халанд, кој има седум гола од почетокот на сезоната, да биде на теренот.
Селекторот на Норвешка, Столе Солбакен, откри дека проблемот во овој случај е повеќе поврзан со заморот и дека имал договор со Халанд дека неговото учество во овој натпревар ќе заврши по околу 60 минути.
„Се надевавме по разговорот што го имавме претходниот ден дека ќе игра околу 60 минути, но издржа 65. Играше 90 минути против Данска и на првиот натпревар со Португалија. Беше уморен на натпреварот со Велс. Веројатно би можел да влезе во игра за второто полувреме. Тоа беше една од опциите што се дискутираа, но тој имаше многу лоши спомени од слични ситуации. Веќе се случи да влезе во игра за време на натпревар и искуството воопшто не беше добро. Многу сум задоволен што успеа да запише 60 силни минути“, рече Солбакен.
Ливерпул, исто така, има сериозни проблеми по меѓународните натпревари, со Александар Исак и Коди Гакпо под знак прашалник откако се здобија со повреди.


