Репрезентативецот Ивановски е седмото засилување на ГРК Охрид

Мартин Ивановски е седмото официјално засилување на ГРК Охрид за наредната сезона.

Прегледи:

Датум:

Мартин Ивановски е седмото официјално засилување на ГРК Охрид за наредната сезона.

Македонскиот репрезентативец кој игра на позицијата среден бек потпиша договор со ГРК за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Има 25 години (182 cm) и ќе го носи дресот со број 34.

Мартин освен за својот матичен клуб, настапуваше и во дресот на РК Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2. Тие настапи го доведоа до место во македонската репрезентација.

„Пресреќен сум што се враќам во матичниот клуб во родниот град од кој потекнувам и каде што ги имав првите чекори. Охрид е амбициозен клуб кој од година во година оди само во нагорна линија и резултатите го покажуваат тоа и освојувањето на европскиот куп мислам дека е само почеток на оваа приказна. Се надевам дека заедно ќе успееме да го издигнеме клубот на едно уште повисоко ниво и ќе се радуваме на многу титули и успеси“, изјави Ивановски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

МТЕЛ Суперлига: Работнички триумфираше во Струмица, Пелистер подобар од ТФТ

Работнички ја оправда фаворитската улога и со победа од...

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...

Скалони пред збогувањето со Меси: Репрезентацијата ќе продолжи да постои, но ништо нема да биде исто

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека побарувачката за...

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...