Ѓоковиќ по победата над Зверев: Тој е најдобриот тенисер во моментов, без сомнение

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека пласманот во полуфиналето на турнирот во Пекинг му значи многу, бидејќи многу се мачел оваа сезона од, како што изјави, различни причини

Прегледи:

Датум:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека пласманот во полуфиналето на турнирот во Пекинг му значи многу, бидејќи многу се мачел оваа сезона од, како што изјави, различни причини.

По пресврт, Новак го победи Александар Зверев со 4:6, 6:4, 6:4 и ја продолжи својата серија без пораз во Пекинг – сега има резултат од 32:0.

„Имав ужасен почеток. Две двојни грешки на почетокот, беше доста ладно и чувствував дека не сум се загреал доволно. Моја грешка, секако, брзо дозволив брејк и беше тешко да се вратам. Во првиот сет имав неколку можности да го вратам изгубениот сервис… Сепак, почнав да се чувствувам подобро во средината на сетот, го фатив ритамот, бев агресивен и одев кон мрежата“, рече Ѓоковиќ.

Тој нагласи дека победил одличен тенисер.

„Тој е најдобриот тенисер во моментов, без сомнение. Тој е во залет, има многу самодоверба. Начинот на кој сервираше денес и во текот на целата година е голем кошмар за сите противници. Немате многу опции кога сервира толку брзо“, беше јасен Ѓоковиќ.

Рече дека по вакви натпревари добива дополнителна мотивација.

„Ова се моментите што ме тераат да играм. Мотивација е кога се чувствувате добро и се натпреварувате со најдобрите во светот, пред 15.000 навивачи. Би рекол дека тоа е сон на секој тенисер. Се мачев многу оваа година од различни причини, но сепак сум тука и продолжувам“, рече Ѓоковиќ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...

Скалони пред збогувањето со Меси: Репрезентацијата ќе продолжи да постои, но ништо нема да биде исто

Тренерот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека побарувачката за...

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...