„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме стабилна и квалитетна сезона, да бидеме конкурентни на секој натпревар и да се бориме за што подобар пласман. Најважно е да напредуваме како тим и да го дадеме максимумот на секој натпревар“, изјави за сајтот на КФСМ Виктор Ефремовски, капитен на Работнички во пресрет на стартот на новата сезона во македонската кошаркарска лига.
„Мислам дека најголемото оружје ќе биде тимската игра. Имаме добра атмосфера, квалитетни играчи и верувам дека со дисциплина, борбеност и максимална посветеност можеме да бидеме сериозен противник за секоја екипа. Очекувам интересна и неизвесна сезона со многу возбудливи натпревари. Секој меч ќе биде нов предизвик и мислам дека конкуренцијата ќе биде голема. Се надевам на фер-плеј, полни трибини и добра атмосфера, а ние ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи“, истакна тој.


