Ѓоковиќ се враќа во Синсинати по три години

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ потврди дека следниот месец ќе се врати на Мастерсот во Синсинати, каде што ќе игра за прв пат откако ја освои титулата во 2023 година.

Прегледи:

Датум:

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ потврди дека следниот месец ќе се врати на Мастерсот во Синсинати, каде што ќе игра за прв пат откако ја освои титулата во 2023 година.

Ѓоковиќ ќе се врати на натпреварувањето речиси еден месец откако загуби во полуфиналето на Вимблдон, кога беше елиминиран од Јаник Синер.

Турнирот во Синсинати ќе се игра од 13 до 23 август и е една од најважните подготовки за Отвореното првенство на САД.

„Многу сум среќен што објавувам дека годинава ќе бидам во Синсинати, за прв пат од 2023 година. Таа година играв едно од трите најдобри финалиња на Мастерс 1000 во мојата кариера. Со нетрпение очекувам да се вратам, да играм пред вас и да се сретнам со фанови од целиот свет. Се гледаме наскоро“, рече Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер моментално е петти на АТП листата, а во Синсинати ќе настапат и овогодинешниот шампион на Вимблдон, Јаник Синер, вториот светски тенисер Александар Зверев и третопласираниот Карлос Алкараз, кој се опоравува од повреда на зглобот од април.

По турнирот во Синсинати, Ѓоковиќ ќе се натпреварува на Отвореното првенство на САД, кое се одржува од 30 август до 13 септември, каде што ќе се обиде да ја освои рекордната 25-та Гренд слем титула.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Пимблет сака реванш со Геиџи: Ќе го соборам во првите 10 секунди

Пади Пимблет не ја исклучи можноста за реванш со...

Јасикевичиус: Немаме идентитет како тим

Фенербахче не помина добро на турнејата низ Шпанија. Шампионите...

Сопственикот на Милан: Аморим е мојот „Топ Ган“, не треба да му дишам во врат

Сопственикот на Милан и раководител на инвестицискиот фонд „РедБирд“,...

„Два чекора напред, еден назад“ – Пјастри за кризата со автомобилите на Мекларен

Иако Оскар Пјастри повеќе не е директно вклучен во...