Жоан Мир има нов тим

Светскиот шампион во премиер класата за 2020 година, Жоан Мир, ќе ја продолжи својата кариера во Гресини, потврди италијанскиот тим. Мир пристигнува во Гресини по четири сезони во Хонда, во кои само во ретки моменти личеше на возачот што претходно го гледавме во Сузуки

Прегледи:

Датум:

Светскиот шампион во премиер класата за 2020 година, Жоан Мир, ќе ја продолжи својата кариера во Гресини, потврди италијанскиот тим. Мир пристигнува во Гресини по четири сезони во Хонда, во кои само во ретки моменти личеше на возачот што претходно го гледавме во Сузуки.

Шпанецот ќе му се придружи на новодојдениот Даниел Олгадо во тимот, чиешто унапредување од категоријата Мото2 беше потврдено неколку часа претходно. Двајцата ќе ги заменат Алекс Маркез и Фермин Алдегер, за кои со месеци се знае дека ќе го напуштат тимот на крајот од сезоната – Маркез се сели во КТМ, додека Алдегер ќе ја продолжи својата кариера во тимот VR46, што сè уште не е потврдено.

Покрај возачот, Гресини го потврди продолжувањето на соработката со Дукати во новата ера на МотоГП шампионатот, која започнува следната година.

Мир, патем, го постигна најголемиот успех во својата кариера во 2020 година, кога стана светски шампион во премиер класата, и тоа со само една победа. Шпанецот има титула и во Мото3, која ја освои во 2017 година со Леопард.

Досега, Мир има забележано 12 победи, со 35 подиуми во сите три класи на Светското првенство. Тој му ја донесе на Сузуки првата титула по 20 години, но јапонскиот тим се повлече од премиер класата само една година подоцна. Двократниот светски шампион најде засолниште кај Хонда, но во последните години е во центарот на вниманието поради бројни несреќи.

Следната трка од шампионатот во МотоГП е Големата награда на Германија од 10 до 12 јули.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Манчини изостави седум играчи од составот за мечот со Турција

Италијанската фудбалска федерација ги објави имињата на седумте играчи...

Халибартон: 100% сум подготвен, без ограничувања

Кошаркарот на Индијана Пејсерс, Тајрис Халибартон, го сподели своето...

Проенса: Роналдо можеше да ја заврши кариерата по Светското, но не сакаше поради љубовта кон репрезентацијата

Четири победи во четири натпревари е билансот на португалската...

Халгримсон: УЕФА треба да ги одвои Ирска и Израел со ждрепка

Селекторот на фудбалската репрезентација на Ирска, Хајмир Халгримсон, ја...