📸Босански бисер во Јувентус за 35.000.000 евра

Се зборуваше за Челси, но Јувентус ја доби трката за суперталентираниот репрезентативец на Босна и Херцеговина. Според најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Старата Дама од Торино ги договорила сите детали со 18-годишниот Керем Алајбеговиќ и неговиот сегашен клуб Баер Леверкузен

Прегледи:

Датум:

Се зборуваше за Челси, но Јувентус ја доби трката за суперталентираниот репрезентативец на Босна и Херцеговина. Според најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Старата Дама од Торино ги договорила сите детали со 18-годишниот Керим Алајбеговиќ и неговиот сегашен клуб Баер Леверкузен.

Вредноста на комплетниот трансфер треба да биде 35.000.000 евра, според формулата 33 милиони, а преостанатите два милиони евра преку бонуси.

Младиот офанзивен играч од средниот ред го привлече вниманието на европските клубови за време на турнирот. Алајбеговиќ беше стартер во три натпревари за репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Светското првенство, вклучувајќи го и поразот во осминафиналето од домаќините, Соединетите Американски Држави. Тој постигна гол против Катар во последниот натпревар од групната фаза.

Алајбеговиќ се смета за еден од најталентираните млади фудбалери во Европа. Тој се врати во Баер Леверкузен ова лето откако германскиот клуб ја активираше неговата клаузула за откуп.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Пимблет сака реванш со Геиџи: Ќе го соборам во првите 10 секунди

Пади Пимблет не ја исклучи можноста за реванш со...

Јасикевичиус: Немаме идентитет како тим

Фенербахче не помина добро на турнејата низ Шпанија. Шампионите...

Сопственикот на Милан: Аморим е мојот „Топ Ган“, не треба да му дишам во врат

Сопственикот на Милан и раководител на инвестицискиот фонд „РедБирд“,...

„Два чекора напред, еден назад“ – Пјастри за кризата со автомобилите на Мекларен

Иако Оскар Пјастри повеќе не е директно вклучен во...