Шпекулациите дека Манчестер Сити би можел да ги изгуби повеќето од своите големи ѕвезди за речиси ништо се далеку од вистината.
Кога Ерлинг Халанд потпиша договор од девет и пол години во јануари 2025 година, многумина се прашуваа како Норвежанецот може да се обврзе на толку долгорочен договор, со оглед на тоа што Сити чекаше одлука за 115-те обвиненија поднесени против клубот.
Откако завчера беше откриено дека комисијата ја признала вината на Сити за 114 од овие прекршоци, беа смислени апокалиптични сценарија дека големите ѕвезди масовно ќе заминат доколку тимот биде отстранет од елитата.
Сепак, медиумите на Островот открија дека ниту договорот на Халанд, ниту оној на останатите „граѓани“, немаат клаузули што би им го олесниле заминувањето доколку испаднат. „Етихад“ веднаш се обиде да ги увери своите големи ѕвезди дека нема паника во клубот и дека тие дури и не разгледуваат опција во која тимот би бил отстранет од Премиер лигата.
Манчестер Сити веќе се подготвува да поднесе жалба, а клубот е дури и убеден дека може да ја промени првичната одлука на независната комисија. Дури и ако не успеат во овој потфат, ставот е дека „граѓаните“ претпочитаат да се извлечат само со сериозна финансиска казна, што нема да го загрози елитниот статус на клубот.


