Изненадување: Чави ја презема Холандија

Шпанскиот стручњак Чави Ернандез официјално е назначен за селектор на репрезентацијата на Холандија. Веста беше објавена на социјалната мрежа „X“ од страна на „портокаловите“, прецизирајќи дека договорот со тренерот е до Светското првенство во 2030 година

Прегледи:

Датум:

Шпанскиот стручњак Чави Ернандез официјално е назначен за селектор на репрезентацијата на Холандија. Веста беше објавена на социјалната мрежа „X“ од страна на „портокаловите“, прецизирајќи дека договорот со тренерот е до Светското првенство во 2030 година.

Чави ја презема позицијата што ја напушти Роналд Куман, кој си замина по Светското првенство во 2026 година. Под водство на Куман, кој го водеше тимот од 2023 година, „лалињата“ беа елиминирани во шеснаесетфиналето на Светското првенство од Мароко по изведувањето на пенали со резултат 1:1 во регуларното време и продолженијата.

Пред да ја преземе холандската репрезентација, Чави беше на чело на Барселона од 2021 до 2024 година. Со каталонскиот гигант ја освои титулата во Ла Лига и шпанскиот Суперкуп.

Неговата тренерска кариера започна во катарскиот клуб Ал-Сад.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Адидас нема да произведува топки за Лигата на шампионите, започнува нова ера со Најк

Американската компанија Најк ќе биде официјален снабдувач на топки...

Арсенал и Деклан Рајс се согласија за нов договор

Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди...

Лига на нации: Ноќ за паметење за Германија, кошмар за Шкотска

Вечерва беа одиграни натпреварите од последното коло во групната...

Шест од шест: Македонија потона и против Словенија, Седлоски ја заврши Лигата на нации без бод!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша и шестиот пораз во...