Клоп по 1:0 од Грција: Немавме право да изгубиме

Јирген Клоп го коментираше поразот на Германија против Грција во второто коло од Лигата на нации

Прегледи:

Датум:

Јирген Клоп го коментираше поразот на Германија против Грција во второто коло од Лигата на нации. Бундестимот загуби дома со минимални 0:1, а новиот селектор сè уште не победил на чело на четирикратните светски шампиони во официјален натпревар.

„Тоа е дел од процесот. Составот со многуте промени е целосно моја одговорност. Беше јасно дека нема да го распарчиме противникот кој се брани ниско. Можев да живеам со тоа што нема да го добијам натпреварот, но немавме право да го изгубиме.

Голот е несреќен, но одговара на ситуациите што ги имаа Грците. Не ги браневме топките доминантно колку што можевме. Во основа, поентата е дека сме заедно една недела и против противник кој стои ниско, механизмите мораа некако да функционираат.

Ги имавме вистинските механизми по паузата, а потоа одеднаш ги снема и мора да откриеме зошто. Ослободен сум од притисокот за резултати, сè додека ги извлечеме вистинските заклучоци, останатото е само повеќе информации“, рече Клоп.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Адидас нема да произведува топки за Лигата на шампионите, започнува нова ера со Најк

Американската компанија Најк ќе биде официјален снабдувач на топки...

Арсенал и Деклан Рајс се согласија за нов договор

Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди...

Лига на нации: Ноќ за паметење за Германија, кошмар за Шкотска

Вечерва беа одиграни натпреварите од последното коло во групната...

Шест од шест: Македонија потона и против Словенија, Седлоски ја заврши Лигата на нации без бод!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша и шестиот пораз во...