Рома го објави потпишувањето на аргентинскиот репрезентативец од Атлетико

Рома официјално го објави трансферот на десниот бек Науел Молина, кој пристигнува од Атлетико Мадрид за вкупно 18 милиони евра. Договорот на играчот е за четири години со плата од 3,5 милиони евра по сезона со вклучени бонуси

Прегледи:

Датум:

Рома официјално го објави трансферот на десниот бек Науел Молина, кој пристигнува од Атлетико Мадрид за вкупно 18 милиони евра. Договорот на играчот е за четири години со плата од 3,5 милиони евра по сезона со вклучени бонуси.

За Молина, кој ќе го носи дресот со број 20, ова ќе биде втор престој во Серија А по неговите две сезони со тимот на Удинезе. Оттаму Атлетико го потпиша во 2022 година за 20 милиони евра. 28-годишниот играч има запишано вкупно 181 натпревар со 9 гола и 17 асистенции за тимот од Мадрид.

Покрај тоа, тој е репрезентативец на Аргентина, за кого има 65 натпревари со 1 гол и 5 асистенции. Со „албиселесте“, бекот има подигнато 4 трофеи: Светското првенство, двапати Копа Америка и Финалисима.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Барселона со став по пријавата на Реал Мадрид до УЕФА

Раководството на Барселона излезе со официјален став откако УЕФА...

Жесус му одговори на Роналдо: Градиме тим, а не споменик на еден играч

Селекторот на Португалија, Жорже Жесус, рече дека ниту еден...

📽️ Хамилтон го поддржа шефот на Ферари: Васер одлично си ја врши работата

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, денес го поддржа шефот...

Претседателот на Италијанската фудбалска репрезентација под истрага

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (FIGC), Џовани Малаго, е...