Винисиус Жуниор беше блиску до заминување од Реал Мадрид ова лето, преговорите со клубот беа долги и макотрпни, а по разочарувачката елиминација од Светското првенство од Норвешка, Бразилецот одлучи целосно да се исклучи од сè.
Во исто време, тој го промени и својот физички изглед со хируршки интервенции, поради што многумина почнаа да го поставуваат прашањето дали ова е стариот Винисиус, алудирајќи на голем пад на формата.
„Не се подготвив толку добро колку што требаше по Светското првенство, бидејќи разочарувањето што го доживеавме беше многу тешко за сите нас. Не очекувавме да изгубиме на начинот на кој загубивме“, рече Винисиус.
После тоа, тој одлучил целосно да се исклучи од сè.
„Го искористив одморот за да уживам, да се одморам, да се оттргнам од сè и да поминам повеќе време со моето семејство. На крајот, тренирав помалку отколку во претходните години. Јас сум само човек, често правам грешки, но секогаш се обидувам да се подобрам, подобро го разбирам фудбалот и учам нешто ново секој ден. Сепак, имам 26 години и треба малку да уживам во животот. Можеби тоа влијаеше на мојот почеток на сезоната“, истакна Винисиус.
Преговорите за продолжување на договорот биле, исто така, исцрпувачки.
„Исто така, ситуацијата околу продолжувањето на договорот и фактот дека многу клубови ми се обратија минатото лето оставија трага врз мене ментално, особено имајќи предвид сè што се случи. Но, сезоната е многу долга. И минатата сезона постигнав само пет гола до декември, а на крајот имав повеќе од 20, исто како и во претходните години. Верувам дека напредувам и дека добро се подготвувам, бидејќи кога доаѓаат одлучувачките моменти од сезоната, јас сум секогаш таму“, заклучи Винисиус Жуниор.


