„Златна топка“: ПСЖ е клуб на годината

Француски Пари Сен-Жермен (ПСЖ) беше прогласен за најдобар машки клуб на годината, а наградата во име на Парижаните ја прими Усман Дембеле, минатогодишниот добитник на „Златната топка“

Прегледи:

Датум:

Француски Пари Сен-Жермен (ПСЖ) беше прогласен за најдобар машки клуб на годината, а наградата во име на Парижаните ја прими Усман Дембеле, минатогодишниот добитник на „Златната топка“.

Ѕвездата на ПСЖ и француската репрезентација им се заблагодари на сите во клубот, како и на навивачите.

„Во име на клубот, сакам да им се заблагодарам на сите: на тренерот, претседателот и сите вработени. Да не ги заборавиме нашите навивачи, кои секогаш се со нас. Создадовме одличен тим кој се бори заедно, а луѓето уживаат во нашите игри. Ви благодарам на сите“, рече Дембеле.

Само 11 клуба во историјата успеале да врзат две титули шампиони на Европа, а сега меѓу нив е и францускиот шампион, кој под водство на Луис Енрике воодушеви со својата игра, креативност и сигурност на теренот во текот на сезоната 2025/26.

Парижаните со тоа потврдија дека не се само тренд во минување, туку тим способен долго време да остане на врвот на европскиот фудбал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ „Златната топка“ во рацете на Хари Кејн

Со месеци, Барселона и Реал Мадрид премногу агресивно ги...

Легендарната Алексија Путељас ја освои третата „Златна топка“

Алексија Путељас е добитничка на „Златната топка“ кај дамите...

Хари Кејн со награда за Најдобар стрелец

Хари Кејн ја доби наградата за Најдобар стрелец на...

Најдобар женски клуб за 2026 година е Барселона

Доминацијата на Барселона во женскиот фудбал доби ново признание...