Ефремовски го продолжи договорот со КК Работнички

КК Работнички АД Скопје соопшти дека, капитенот и лидерот на тимот, актуелниот најдобар стрелец во МТЕЛ Супер Лигата и стартер во А-репрезентацијата - Виктор Ефремовски, го продолжи договорот со тимот.

Прегледи:

Датум:

КК Работнички АД Скопје соопшти дека, капитенот и лидерот на тимот, актуелниот најдобар стрелец во МТЕЛ Супер Лигата и стартер во А-репрезентацијата – Виктор Ефремовски, го продолжи договорот со тимот.
Следната сезона ќе биде јубилејна десетта сезона за врвниот шутер и лидер на екипата. Тој е единствен кошаркар од актуелниот состав кој освои трофеј со Работнички, и тоа два, по еден во првенството (2018) и во Купот (2019) во кој, со него во тимот, Работнички уште два пати беше финалист.
Неговата кариера постојано оди во нагорна линија. Во сезоната 24/25 во АБА2, Ефремовски беше втор стрелец на Работнички со просек од 11,2 поени за 26 одиграни минути по натпревар, воедно беше и најдобар македонски стрелец од сите тимови во таа сезона.
Во АБА2 играше за Работнички и во претходниот настап, во сезоната 20/21 со просек од 13 минути. Во двете сезони беше еден од четворицата кои ги одиграа сите мечеви за Работнички.
Лани играше на европско ниво, со просек во Лигата од 22,2 поени. МКФ го прогласи за најдобар млад кошаркар за 2018 г., кога стана шампион и со сениорите и со младинците на Работнички, што е единствен таков пример во историјата на самостојна Македонија.
Ефремовски веќе 13 години е мошне важен дел од националниот тим на Македонија во сите категории, стои во соопштението на тимот до Градски парк.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Почит и смеа на првото соочување на Фјури и Џошуа во Лондон

По повеќе од една деценија расправии, медиумски закани и...

Куртоа: Килијан Мбапе ја заслужува „Златната топка“

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, изрази увереност дека...

Мурињо за Роналдо: Мора да го скроти своето его, неговото тело повеќе не е исто

Жозе Мурињо ја коментираше одлуката на Кристијано Роналдо да...

Червар: Изненаден сум што паднавме без испукан куршум

Лино Червар не бараше изговори по тешкиот пораз во...